сабота, 19 август 2017  |  Вести денес: 0

Хакерски напад на „Викиликс“ по најавата за документите за Турција

„Викиликс“ денеска соопшти дека по најавата за објавување стотици илјади документи за Турција, нивната интернет страница била изложена на хакерски напади, пренесува МИА.

wikileaks

Поврзани вести

„Викиликс“ денеска соопшти дека по најавата за објавување стотици илјади документи за Турција, нивната интернет страница била изложена на хакерски напади, пренесува МИА.

Нашиот сервис се најде под серија непрекинати упади. Не сме сигурни кој е изворот на нападот, но времето кога тоа се случи укажува на група од турските државни структури или нивните сојузници, стои во соопштението на „Викиликс“ објавено на Твитер.

Хакерскиот напад го одложи објавувањето на документите за политичките моќници во Турција, но, како што вети познатата веб-страница, сепак денеска ќе биде објавен првиот дел од вкупно 500.000 документи и 300.000 мејлови.

Пред најавата, Викиликс предупреди дека турската Влада веројатно и ќе се потруди да го спречи објавувањето на податоците, или барем први да стигнат до нив.

По неуспешниот обид за преврат во Турција, каде што загинаа над 200 лица, а 1.400 беа повредени, претседателот Реџеп Тајип Ердоган за тоа го обвини Фетулах Ѓулен, некогашен негов близок соработник, а сега најголем противник, кој денес живее своеволен егзил во САД.

Најчитани вести