Хакерски напад врз профилите на Твитер и на Јутјуб на Централната команда на САД

Хакерска група, која тврди дека и припаѓа на џихадистичката организаиција Исламска држава, изврши упад во профилите на американската Централна воена команда на Блискиот Исток (Центком) на Твитер и ЈуТјуб, пренесе МИА.

Поради нападот, неколку часа беа суспендирани страниците на Командата на Твитер и ЈуТјуб.Подоцна,страницата на Централната команда на Твитер, одново беше видлива, но и натаму остана не активирана.

По нападот групата објави доверливи документи на американската армија, вклучително лични адреси на офицери. – ИД е веќе тука, ние сме во вашите компјутери, во секоја американска воена база, објавија хакерите на Твитер профилот на Центком.

Хакерите испратија порака со предупредување до американските сили. – Американски војници ние доаѓаме, затоа чувајте си го грбот, се вели во оваа порака.

Во другата порака, џихадистичките хакери го величаат Алах. – Тој е најмилостивиот и најмилосрдниот, се вели во оваа порака, во која уште стои дека „Киберкалифатот го продолжува неговиот киберџихад“.

Претставник на Центроком во кусата изјава го минимизираше целиот инцидент, опишувајќи го како „кибер вандализам“ со кој, сепак, не се предизвикани „посериозни последици“ врз базните податоци на Командата.

Во официјалното соопштение Централаната воена команда вели дека хакерскиот упад на најзините профили „не ги загрозил доверливите информации“.

Неидентификуван функционер во Пентагон за американските медиуми потврдил дека „нема безбедносна закана“ за САД и за нејзините воени сили, но рекол дека хакерскиот инцидент претставува „понижување и шлаканица“ за земјата.

Хакерскиот напад на џихадистите се случил во време кога американскиот претседател Барак Обама зборувал на еден собир за кибер безбедноста.