Хакерски напади во Белата куќа

Албански хакери го нападнаа сајтот на српскиот омбудсман
Албански хакери го нападнаа сајтот на српскиот омбудсман

Руски хакери во изминативе неколку месеци ги напаѓаат  компјутерите на Стејт Департментот од каде крадат важни податоци. Додека од Белата куќа тврдат дека хакерите дошле до неважни податоци кои не се тајни, овие хакерски напади сепак предизвикале мала паника меѓу официјалните лица во Белата куќа.

Како што пишуват странските медиуми, хакерите дошле до деталниот распоред за активностите на американскиот претседател Барак Обама. Иако овие информации не се тајни, сепак се многу чувствителни и исклучително важни за странските шпионски агенции.

Уште во ноември минатата година Американците забележале некои чудни појави во компјутерската мрежа во Белата куќа. Тој систем веднаш бил затворен за да се подобри сигурноста. Во истрагата веднаш се вклучиле претседателската тајна служба, ФБИ и ЦИА кои мораат во најкратко време да го разоткријат најсофистицираниот хакерски напад извршен некога врз американските власти. Како и многупати пред тоа, хакерите ги сокриле своите траги, а нападите ги пренасочиле на компјутери ширум светот, но истрагата открила некои кодови за кои веруваат дека ќе ги однесат до хакерите кои се на платниот список на Кремљ.

putin-obama500

Во моментов коментар нема ниту од американскиот Стејт Департмент, ниту од руската амбасада во Вашингтон.

Истражителите веруваат дека на пат до Белата куќа, хакерите прво морале да „провалат“ во Стејт Департментот. Дополнително еден од лицата кои ја водат истрагата верува дека Русите во нивните сервери се веќе со месеци.