Хакирани сајтови на неколку институции

Хакирани неколку интернет сајтови на македонски институции.

Според неколку македонски интернет портали, хакирани биле сајтовите на јавното обвинителство, министерството за информатичко општество и администрација, МАРНЕТ и сајтот е-трговија.

Најверојатно се работи за поголем хакерски напад од страна на “sumedang cyber team” кои се претставуваат преку полското знаме, пренесува Канал 5.

Наместо бараните сајтови, се појавува слика со натпис “kissed by ustadcagе“.

Ако овој натпис се побара на интернет пребарувачите, се добиваат содржини кои се поврзани со исламистичка пропаганда.

Со тоа, се отвора прашањето дали хакерскиот напад можеби е одговор на исламската држава за полициската акција „Ќелија“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.