Свет

Хакнат меилот на Сорос – самопрогласениот застапник на Нова Украина

Хакнат меилот на Сорос – самопрогласениот застапник на Нова Украина

Џорџ Сорорс, самопрогласениот застапник на Нова Украина, се залага за финансиска и воена помош од ЕУ за Украина со цел да се врати борбениот капацитет на Киев без да се наруши мировниот договор од Киев, тврдат анти-украински насочени хакери кои цитираат имеил преписка помеѓу милијардерот и претседателот на Украина, пишува Раша Тудеј.

Хакерската група СајберБеркут тврди дека навлегла во административната веб страница на претседателот на Украина и дека дошла до преписка помеѓу Сорос и претседателот на Украина Петро Порошенко.

Хакерите на интернет објавија три документи, каде се опфатени текстовите „Напредна стратегија за новата Украина на краток и долг рок“ од Сорос (испратен на 12-ти март 2015), постар документ за воена помош за Киев, како и писмо од милијардерот упатено до премиерот на Украина Арсениј Јаценук, кое датира од 23-ти декември 2014-та година.

Според објавените документи, Сорос го поддржува ставот на Барак Обама за Украина, но смета дека САД треба да направат повеќе.

Тој е уверен дека САД треба да обезбедат воена помош за Украина, „која е на исто ниво на софистицираност во одбранбените оружја за да се во согласност со нивото на спротивставените сили“.

– Со јазикот на покерот, САД ќе бидат еднакви, но не подобри“ , вели 84-годишниот бизнисмен, кој на едно од писмата се потпишал како „самопрогласен застапник на нова Украина“.

Западните поддржувачи сакаат Киев да го „врати борбениот капацитет на Украина без да се нарушат одредбите од минскиот договор“, пишува Сорос.

– Американскиот генерал во пензија Весли Кларк кој беше на чело на НАТО силите за време на бомбардирањето врз Југославија и полскиот поранешен генерал Валдемар Скрзипцак ќе бидат меѓу оние што ќе го советуваат Порошенко како да ја заврши оваа задача, вели тој.

Во средината на февруари, по една година борби, Киев и бунтовниците од самопрогласените Народни Републики Доњецк и Луганск потпишаа договор за прекин на огнот, повлекување на тешкото вооружување и размена на затворениците.

Меѓу другото, од објавените документи се гледа дека од властите во Украина се барало да „се врати дел од стабилноста на валутата и функционирањето на банкарскиот систем“ и „да се задржи единството во владата“, со цел да се добие помош од странските сојузници.

Сорос верува дека ЕУ треба да му пружи на Киев финансиска помош, нагласувајќи дека „Европа мора да постигне нов рамковен договор со кој ќе биде обезбедени Европската Комисија да алоцира до 1 милијарда годишно за Украина“.

„Новата Украина е буквално на раб на колапс, поради недостатокот на Националната банка на парични резерви“, Сорос го предупредува Порошенко.

Преписката покажува дека милијардерот бил во постојан контакт со авторитетите во Киев како и со консултатнтскиот тим.

Инаку, Сорос е вклучен во Украина од 1989 година, откако ја финансираше Украинската Меѓународна Ренесансна Фондација и обезбеди повеќе од 100 милиони долари за невладините организации во Украина две години пред падот на Советскиот сојуз.

Милијардерот се поврзува и со неколку невладини организации во Украина кои се залагаат за поблиски односи со ЕУ и го помагаше евромајданското движење со кое беше симната власта на Виктор Јанукович во февруари минатата година.

Во март, Сорос ја критикуваше ЕУ затоа што премногу време посветува на економските проблеми во Грција и вети дека ќе инвестира 1 милијарда долари во Украина.

Сорос е 30-та по ред најбогата личност во светот според Форбс, а неговото богатство „тежи“ околу 19 милијарди долари.

фото: РТ