Спорт

Хал сепак не му е дораснат на Челзи

Хал сепак не му е дораснат на Челзи

Како и што се очекуваше, фудбалерите на Челзи не дозволија никакво изненадување во премиерниот саботен натпревар од 21. коло од англиската Премиер лига.

Избраниците на Жозе Мурињо повторно одиграа без грешка во сите 90 минути, а фуриозната игра во второто полувреме ја крунисаа со заслужена победа од 2:0 во дуелот со новајлијата во елитното друштво, тимот на Хал Сити.

Првиот погодок на натпреварот беше дело на белгискиот интернационалец, Еден Азард, а во листата на стрелци се запиша и репрезентативецот на Шпанија, Фернандо Торес.