Хали Бери ќе снима филм во Србија

Хали Бери ќе пристигне во Србија кон крајот на летото затоа што е ангажирана за снимањето на филмот на еден млад американски режисер, кој сакал првите сцени од неговото најново оствраување да бидат снимени на Калемегдан, пишува Хелло магазин.

Како и во сите останати сериозни проекти какви што се прават во Холивуд, по пишувањето на сценариото и распределбата на улогите, одредувањето на дестинациите каде што ќе се снима филмот е главна тема. Уште на почетокот на минатата година, во управата на Калемегдан е најавено дека ќе се снима филм и доставен е бројот на членовите на тимот што за тоа време ќа работат на снимањето.

Продускцискиот тим избрал неколку локации на Калемегдан за различни сцени а во секоја од нив е предвидено да учествува Хали Бери.

Според информациите, холивудскиот тим ќе биде сместен во престижен хотел во центарот на градот, а на снимање ќе одат пеш. Досега никој од членовите на холивудскиот тим немал посебни барања, освен тоа што Хали ќе биде сама во апартманот, додека одделни членови на тимот ќе ги делат собите.