Халиловиќ пресреќен поради трансферот на Ноу Камп

Најновата милионска аквизиција на каталонскиот гигант Барселона, репрезентативецот на Хрватска, Ален Халиловиќ призна дека е многу среќен поради реализираниот трансфер од кој, неговиот актуелен клуб, Динамо (З) ќе заработи околу 2.2 мил. евра.

“Многу сум среќен, не знам како да ви опишам, не знам со кои зборови да ви опишам како се чуствувам. Сакам прво да им се заблагодарам на раководните лица на Динамо (З). Динамо (З) секогаш ќе биде моја прва љубов. Благодарение на овој клуб јас го исполнив најголемиот сон. Нормално дека Барселона е нешто специјално. Уште од дете навивам за Барселона, а сега добив и шанса да играм на “Ноу Камп”. Сепак, сега сакам да ја освојам двојната круна со Динамо (З), а потоа ќе се фокусирам на новиот клуб”, изјави 17-годишниот играч за врска.