Балкан

„Халкбанк“ ги отфрли обвинувањата за нелегалните односи со Иран

„Халкбанк“ ги отфрли обвинувањата за нелегалните односи со Иран

Турската државна банка „Халкбанк“, чиј извршен директор беше уапсен во рамките на антикорупциската истрага, денес најави дека одржува врски со Иран во согласност со законите, пренесе „АФП“.

„Бизнис односите на банката се предмет на редовни контроли од соодветните власти. Финансиското посредување, што нашата банка го нуди со оглед на трговските активности со Иран, се врши во согласно со законите“, се вели во соопштението од „Халкбанк“.

Извршниот директор на банката беше уапсен во врска под сомнение за прикривање на нелегална продажба на злато за Иран и покрај меѓународните санкции против земјата.