Хамад е хит во ракометниот свет

Хамад е највисокиот ракометар во светот - цели 225 сентиметри

Египќанецот Фати Хамад изминатиов период е вистинскит хит во ракометниот свет поради неговата појава и неговите 2 метри и 25 сантиметри височина, но уште поголемо внимание привлече објавениот материјал на видео платформите на кој може да се види како противничките ракометари водат борба со него.

Хамад го имал своето деби за националната селекција за време на африканските игри, а видеото во кое се гледа како дури пет играчи на Конго го чуваат египетскиот џин е посебно интересно и нормално е што стана вирално на социјалните мрежи.