Хамас ги хакирал телефоните на израелските војници

Израелската армија ја обвини терористичката група Хамас дека се обидува да ги хакира телефоните на израелските војници користејќи две лажни апликации. Едната апликација е наводно за запознавање, а другата за следење на резултатите од Светското првенство во Русија.

Три Андроид апликации, кои веќе се отстранети од продавницата Гугл Плеј, се дизајнирани да крадат податоци и да ги вклучуваат микрофонот и камерата на телефоните на израелските војници за да ги шпионираат, изјавија израелски воени претставници.

И Хамас и Гугл досега не коментираа за овој инцидент.