Хамас му се закани на Израел

Израел мора да ги прифати барањата на палестинскиот народ или ќе се соочи со долготрајна војна, објави високиот претставник на Хамас, Осама Хамдан на својот профил на Фејсбук.

Хамдан во објавата додава дека понудите кои и се доставени на палестинската делегација на преговорите што се во тек во Каиро, не ги задоволуваат барањата на Палестинците.

Израел и Хамас во средата постигнаа договор за продолжување на примирјето во Газа за уште пет дена, со цел на преговарачите во Каиро да им се даде шанса да постигнат договор за траен прекин на огнот.

Примирјето истекува утре вечер.

Неколку илјади Израелци се собраа синоќа на протест во Тел Авив од кој упатија апел за мир со Плаестинците.

Како што јави ДПА, демонстрантите се собра на централниот плоштад „Јицак Рабин“ од каде новинарот и писател Давид Гросман упати апел и за „справување со фанатизмот и омразата кај самите Израелци“.За време на едномесечниот конфлит меѓу Израел и Хамас во Поајасот Газа загина 1.961 Палестинец и 67 Израелци.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.