Хамас се согласи на 24 – часовно примирје

Палестинското исламистичко движење Хамас се согласи на ново 24 – часовно примирје.

-Во договор со Обединетите нации, поради положбата на нашиот народ како и за Рамазан Бајрам спротиставените групи се согласија да поддржат 24-часовно хуманитарно примирје,  кое почнува денеска во 14 часот, изјави портпаролот на Хамас, Сами Абу Зухри.

Израел се уште не се изјаснил за таквиот предлог, откако го укина сопственото 24-часовно примирје денеска како одговор на ракетните напади на Хамас врз јужниот и централниот дел на Израел.