Хамас: Турција е извор на моќ за сите муслимани

Лидерот на Хамас, Калид Мешал, ја пофали Турција и за неа рече дека е „извор на моќ“ за сите муслимани и се заблагодари на лидерите на земјата за поддршката на Палестина.

-Демократска, стабилна и развиена Турција е извор на моќ за сите муслимани, изјави тој во своето обраќање на годишниот конгрес во Конија.

Мешал изјави дека „силна Турција значи силен Ерусалим, силна Палестина“, изразувајќи ги надежите за „ослободување на Палестина и Ерусалим“.

Неговото кратко обраќање беше прекинато од постојаното навивање на толпата, кои вееја турски и палестински знамиња и извикуваа „ Allahu Akbar (Алах е голем) и „Долу Израел“.

Актуелниот премиер Ахмет Давутоглу во своето обраќање рече дека црвеното знаме на Турција е „симбол за невините во светот“.

-Бог е сведок. Ова знаме ќе биде симбол на невините во светот. Ова црвено знаме ќе се вее до палестинските и сите знамиња на невините во светот, рече пред конгресот.

Лидерите на Турција, особено Ердоган, се познати по своите испади кон Израел, кој е поддржувач на палестинските борби, а честопати зборувал лошо за еврејската држава.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.