Спорт

Хамбургер на чекор од второлигашкото друштво

Хамбургер на чекор од второлигашкото друштво

Вкупно пет погодоци беа постигнати на последните два натпревара од 32. коло во германската Бундес лига.Минимална но злато вредна победа во дуелот против домашниот тим на Шалке, забележаа фудбалерите на Борусија Дортмунд кои се уште се во игра за едно од двете места кои водат во групната фаза од Лигата на шампионите.

Ново разочарување доживеаа најверните фанови на Хамбургер откако нивните миленици сосема заслужено со 3:1 загубија во првенствената пресметка против домашниот тим на Аугсбург.
Хамбургер моментално е на 16. позиција на првенствената табела, а доколку остане на оваа позиција, опстанокот во елитното друштво ќе го бара преку дополнителните бараж натпревари против третопласираниот од германската Втора лига.