Спорт

Хамбургер остана дел од елитното друштво

Хамбургер остана дел од елитното друштво

Голема причина за славје имаа фудбалерите на Хамбургер кои и во новата клупска сезона ќе се натпреваруваат во германската Бундес лига.

И вториот бараж натпревар против третопласираниот од германската Втора лига, тимот на Гројтер Фурт заврши без победник, но погодокот кој го постигнаа на гостински терен се покажа како пресуден за опстанокот во елитното друштво.

Ласога во 14.минута по асистенцијата на Ван дер Варт го доведе Хамбургер во водство, а Гројтер Фурт израмни во 59.минута, кога Фурстнер ја погоди противничката мрежа.