Спорт

Хамес ќе го пропушти „Ел Класико“

Хамес ќе го пропушти „Ел Класико“

Фудбалерот на реал, Џејмс (Хамес) Родригес, ќе го пропушти „Ел класико“ со Барселона на 22-ри март, покрај извештаите дека дотогаш би можел да се опорави.

Колумбискиот репрезентативец ја скрши метатарзалната коска на стапалото на почетокот на февруари на натпреварот со Севиља и веќе следниот ден е опериран.

Предвидениот период за опоравување изнесува околу два месеци, но иако добро се опоравува сигурно нема да се појави на „Камп ноу“.

Неговиот сонародник Карлос Бака откри дека Родригес се радува што ќе се врати на теренот, но дека нема да брза.

„Хамес е добро расположен и не брза со опоравувањето“, рече напаѓачот на Севиља.

„Тој вели дека за такви повреди е потребно време за зараснување и тоа може да биде проблематично бидејќи може да помислите дека се опоравувате побрзо отколку што се случуваат нештата“, додава Колумбиецот.

„Така „добивате“ една седмица, но одеднаш доцните четири“, нагласи искусниот Бака.

„Не смее да брза бидејќи и е потребен на Колумбија, не чека Копа Америка“, заклучи колегата на Хамес од фудбалската репрезентација

Членот на Реал Мадрид би требало да се врати на тренинзите со соиграчите на почетокот на април и така би бил подготвен за четвртфиналето од Лигата на шампионите.