Спорт

Формула 1 - Големата награда на Јапонија Хамилтон дојде до првата стартна позиција и рекорд на Сузука

Хамилтон дојде до првата стартна позиција и рекорд на Сузука

Британскиот автомобилист Луис Хамилтон од тимот на „Мерцедес“, водечкиот во генералниот пласман во Светското првенство за Формула 1, првпат во кариерата избори прва стартна позиција на трката за Големата награда на Јапонија, која ќе се вози во недела на патеката Сузука.

На рекордерот според бројот на остварени први стартни позиции ова му е 71-та „пол позиција“ во кариерата, а до неа дојде постигнувајќи нов рекорд на патеката долга 5,8 километри која ја мина за 1 минута, 27 секунди и 319 илјадатинки. Времето на Луис Хамилтон е за дури 1,6 секунди подобро од досегашниот рекорд на патеката кој досега го држеше Германецот Мухаел Шумахер, кого го мина и по освоените први стартни места пред две трки.

На Хамилтон во првиот стартен ред друштво ќе му прави најголемиот конкурент за титулата, Германецот Себастијан Фетел од тимот на „Ферари“, иако второто најдобро време го имаше клупскиот колега на Хамилтон од „Мерцедес“, Валери Ботат, но поради непредвидената замена на менувачката кутија е казнет со пет стартни позиции.

Така, во вториот стартен ред се проби тандемот на „Ред Бул“, Австралиецот Даниел Рикардо и младиот Холанѓанец Макс Верстапен, победник на последната трка минатата седмица за Големата награда на Малезија.

Хамилтон во последните пет трки од оваа сезона влегува со 34 бодови предност пред Фетел.

Неделната трка за Големата награда на Јапонија ќе започне во 7 часот наутро по македонско време.