Спорт

Формула 1 Хамилтон ја освои ГН на Барселона

Хамилтон ја освои ГН на Барселона

Актуелниот светски првак во шампионатот на Формула 1, Британецот Луис Хамилтон во тимот на „Мерцедес“ е победник на Големат награда на Шпанија којашто се возеше во неделата на патеката во Барселона, петтата трка од годинешниот шампионат.

Хамилтон беше во водство од почетокот до крајот на остварувајќи ја втората победа сезонава, и 64-та во досегашната кариера.

Возачот на „Мерцедес“ победи пред тимскиот колега Финецот Валтери Ботас, додека трет беше Холанѓанецот Макс Верстапен во „Ред Бул“. Четирикратниот светски првак Германецот Себастијан Фетел во „Ферари“ заврши четврти откако од втората стартна позиција предолго остана во боксот. Лошиот викенд за тимот на „Ферари“ го заокружи Финецот Кими Рајконен кој се откажа, додека Австралиецот Даниел Рикардо од „Ред Бул“ дојде до петтата позиција.

Во генералниот пласман на светското првенство води Хамилтон со 95 бодови, Фетел е втор со 78 бодови, Ботас е на третото место со 58, а следат Рајконен со 48 и Рикардо со 47 бодови.

Меѓу конструкторите води „Мерцедес“ со 153 бодови, пред „Ферари“ кој има 126 и „Ред Бул“ со 80 бодови.

Следната трка е за Големата награда на Монако, а ќе се визи на 27-ми мај.