Хамилтон: „Мерцедес“ не е повеќе најбрз

Пилотот на „Мерцедес“ и актуелен шампион во Формула 1, Луис Хамилтон по двете воведни трки сезонава рече дека неговиот тим повеќе не е најбрз, откако во Кина подобри од нив беа „Ред бул“, а претходно и „Ферари“.

Сега сме втори, дури и трети, па има многу подобрувања што треба да се направат, што не е невозможно. Никој не знае како ќе се развива сезоната, но ако продолжиме вака, ќе биде многу тешко да се бориме за шампионатот. Во квалификациите се претставивме слабо, а трката беше трагедија, ако гледаме од мојата страна на гаражата. Тоа нема да ги промени моите цели за оваа сезона, но по овој викенд е јасно дека веќе не сме најбрзите, изјави Британецот.

Хамилтон во Кина заврши на четвртата позиција, а првопласирен беше Даниел Рикиардо. Финците Валтери Ботас со „Мерцедес“ и Кими Рајконен на „Ферари“ завршија на подиумот. Петти е Холанѓанецот Макс Верстапен на „Ред Бул“, кој заработи казна од 10 секунди поради сударот со Германецот Себастијан Фетел, па возачот на „Ферари“ на крајот се задоволи со осмата позиција.
По трката казна за невнимателно возење заработи Верстапен, кој додаде уште два казнени поена кон тркачката лиценца. Тој има пет бода, а доколку стигне до 12 во рок од една година ќе ја изгуби лиценцата па нема да може да се натпреварува