Хамилтон на чекор од титулата

Британскиот возач Луси Хамилтон од тимот на „Мерцедес“ е победник на трката за Големата награда на САД во Светското првенство во Формула 1 која се возеше во Остин, со што ја оствари петтата победа во последните шест сезони на оваа патека.

Второто место го зазема Германецот Себастијан Фетел од тимот на „Ферари“, додека трет беше неговиот клупски колега Финецот Кими Рајконен.

Луис Хамилтон со својата деветта победа оваа сезона, или 62-ра во кариерата, ја зголеми својата предност во генералниот пласман пред вториот Фетел на 66 бодови, а бидејќи до крајот на сезоната останаа само уште три трки, за освојување на четвртата титула му се потребни само уште 10 бодови.

Неговиот тим „Мерцедес“, пак, уште по трката во Остин ја обезбеди четвртата последователна титула во конкуренцијата на конструктори.