Спорт

Хамилтон на пол позицијата во Шангај

Хамилтон на пол позицијата во Шангај

Возачот на Мерцедес Луис Хамилтон ја освои пол позицијата во пресрет на Големата награда за Кина, трета трка од овогодинешниот шампионат на Формула 1.

Британецот до третата пол позиција оваа сезона, а 42.во кариерата, дојде со возењето на одличниот круг на патеката во Шангај со време од 1:35.782 минути.

Во првиот ред на Хамилтон во недела ќе му се приклучат тимскиот колега Нико Розберг и Себастијан Фетел од Ферари.