Хамилтон награден со нов договор вреден 100 милиони фунти

Само еден ден откако ја прослави втората светска круна, Луис Хамилтон соопшти дека е пред продолжување на договорот со Мерцедес.

Новиот светски шампион во Ф1 ќе добие договор според кој ќе заработува 20 милиони фунти годишно, односно за пет години ќе инкасира вкупно 100 милиони фунти.

Според Хамилтон, недостасува уште неговиот потпис, а и тој последен сегмент од договорот ќе се случи набрзо.