Спорт

Формула 1, трка за Големата награда на САД Хамилтон најбрз и на вториот тренинг во Остин

Хамилтон најбрз и на вториот тренинг во Остин

На вториот тренинг во Остин, возачот на „Мерцедес“, Британецот Луис Хамилтон повторно беше најдобар и зад себе го остави Макс Верстапен кој постигнува сѐ подобри времиња како наближува крајот на сезоната во Формула 1 шампионатот.

До третото место дојде Себастијан Фетел од „Фераири“, додека четвртото за Валтери Ботас. Даниел Рикардо заврши како петти, а по него беа Кими Рајконен, Фернандо Алонсо, Фелипе Маса осмиот, Серхио Перез, Естебан Окон.

Денеска од 18 часот на програмата е третиот слободен тренинг, а околу полноќ ќе се возат квалификациите.

Главната трка за Големата награда на САД ќе се вози утревечер од 21 часот по средноевропско време.