Хамилтон најбрз на тренинзите во Мелбурн

Светскиот првак Луис Хамилтон во болидот на „Мерцедес“ беше најбрз на првите два слободни тренинзи на патеката во Мелбурн на стартот на новата сезона.

Британецот беше најбрз на двете сесии во „Мелбурн паркот“ каде имаше сериозна конкуренција во Марк Верстапен од Ред Бул и неговиот клубски колега од Мерцедес, Валтери Ботас.

Најголемиот ривал на Хамилтон од минатат сезона, Себастијан Фетел од Ферари во двете сесии оствари петто време пласирајќи се зад својот клупски колега Кими Раиконен.

Првата трка е планирана за во недела во 7.10ч.