Хамилтон: Не го испрскав Путин

Хамилтон: Не го испрскав Путин

Британскиот возач со шампањ го испрска рускиот претседател Владимир Путин, ситуација која дефинитивно крена голема прашина и стана вистински хит на социјалните мрежи.

Светските медиуми почнаа да се потсмеваат поради фактот што возачот на Мерцедес се осудил да го доведе во прашање авторитетот на ладниот Русин, меѓутоа сега со своја изјава се огласи и Хамилтон кој потенцираше дека во ниту еден момент немал намера да го испрска Путин.

Мислам дека не го ни испрскав. Чудната слика излажа многумина. Јас дефинитивно не сакав да направам такво нешто, ни на крај памет не ми е да го испрскам Путин, изјавил Хамилтон за “Скај Спортс” и на овој начин стави крај на непотребните коментари кои излегоа по појавувањето на видеото кое стана вирално на интернет.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.