сабота, 25 март 2017  |  Вести денес: 0

Хамилтон: Незнам во што беше проблемот

Луис Хамилтон не е разочаран со второто место на Монца, но не е воодушевен од самите случувања на трката. Тој ја испушти шансата за нова победа и за старт од пол позицијата.

hamilton-monca

Поврзани вести

Луис Хамилтон не е разочаран со второто место на Монца, но не е воодушевен од самите случувања на трката. Тој ја испушти шансата за нова победа и за старт од пол позицијата.

Незнам што се случи, незнам што беше проблемот, направив се нормално. Се како што треба, а добив доста пролизгување на тркалата, рече Хамилтон кој прво ја презема одговорноста за лошиот старт.

Искрено, го кажав тоа, за моите инженери да не бидат нервозни, вели тој.

Тој падна на шестото место. Релативно лесно ги заобиколи Валтери Ботас и Даниел Рикардо, со добрата тактика со гумите ги заобиколи преку боксот двете возила на Ферари, но неможеше да го стаса колегата од тимот Нико Розберг на првото место.

Видов дека Нико побегна, знаев уште во раната фаза од трката дека победата ќе биде невозможна. Второто место е најдоброто што можев да го освојам по стартот што го имав. Ова е голем ден за Мерцедес и драго ми е што сум дел од тоа. Незнам дали трката беше добра за навивачите, затоа што немаше многу претекнувања, вели Британецот.

Инаку на седум трки пред крајот Хамилтон има два бода повеќе од Розберг во генералниот пласман. Следната трка ќе се одржи на 18-ти септември во Сингапур.

Најчитани вести