Хамилтон освои пол позиција во Силверстоун

Четирикратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон ќе стартува прв на утрешната Големата награда на Велика Британија. Пилотот на „Мерцедес“ на легендарната патека „Силверстоун“ ја освои својата шест во Велика Британија или вкупно 76-та пол-позиција во кариерата.

Британецот пред домашната публика во последната сесија патеката ја извозе  1:25.892 минути, откако го претекна за 44 илјадити делови од секундата големиот конкурент, второпласираниот Себастијан Фетел.

Клубскиот колега на Германецот во „Ферари“, Кими Раиконен ќе стартува од третата позиција на стартната линија, откако беше само 98 илјадити делови од секундата побавен од лидерот и 0,054 секунди побавен од Фетел.

Вториот пилот на „мерцедес“ Валтери Ботас ќе стартува од четвртата позиција. Двајцата возачи на „Ред Бул“, Макс Верстапен и Даниел Рикардо, кои заостанаа за околу една секунда ја освоија петата и шестата позиција.

Веднаш по нив беаќе стартуваат  двајцата возачи на „Хас“, Кевин Магнусен и Ромен Грожан. Меѓу првите десет се квалификуваа и  Чарлс Леклер на„ Саубер“ и Естебан Окон со „Форс Индија“.

Во генералниот пласман кај возачите, Фетел е лидер со 146 бодови, еден бод повеќе од актуелниот првак Хамилтон. Раиконен е трет со 101 бод.

Трката е во недела во 15:10 часот.