Хамилтон: Победата му ја посветувам на Бјанки

Членот на Mercedes и победник на трката во Сочи, Луис Хамилтон признава дека тешката несреќа на Жил Бјанки која се случи минатиот викенд во Јапонија сеуште му создава проблеми и тешко се носи со тоа.

„Сакам да му ја посветам победата на Бјанки, а и на неговото семејство. Тоа ќе направи мала разлика, но секое делче на позитивна енергија е важно. Сите треба да испраќаме позитивни вибрации на тој начин“, изјави Луис Хамилтон и додаде:

„Цела седмица во моите мисли е еден човек, а тоа е Жил. Нормално дека постои возбуда и среќа поради победата, но секогаш кога ќе влезам во болидот ќе се молам за него“, додаде Британецот.