Спорт

Хамилтон победи во Монца и го презема водството

Хамилтон победи во Монца и го презема водството

Британскиот возач во Светското првенство на Формула 1, Луис Хамилтон од тимот на Мерцедес по четврти пат во кариерата славеше на трката за Големата награда на Италија која во неделата се возеше на патеката во Монца и се проби на чело на генералниот пласман со три бодови предност пред Германецот Себастијан Фетел од Ферари кој го освоите третото место на истата трка а до неа беше во водечки во борбата за светската титула.

Во Монца сѐ беше во знакот на Ферари кој слави 70 години од постењето, но Хамилтон ја расипа забавата и собра сѐ што можеше овој викенд. Прво во саботните квалификации по 69-ти пат во кариерата ја избори првата стартна позиција и со тоа стана апсолутен рекордер со една „пол позиција“ повеќе од легендарниот Германец на Михаел Шумахер, а пота во неделата беше без вистинска конкуренција на патот кон својата 59-та победа во кариерата, а шеста во оваа сезона.

Второто место го освои тимскиот колега на Хамилтон, Финецот Валтери Ботас, а трет на целта стаса кандидатот на Ферари за светски првак Германецот Себастијан Фетел.

По 13-та трка во сезоната Хамилтон во генералниот редослед води со 238 бодови, три повеќе од вториот Фетел. Трет е Ботас со 197 бодови.

Следната трка за Светското првенство во Формила 1 е на распоредот на 17-ти јуни, а ќе се вози со Големата награда на Сингапур.