Хамилтон победник на Големата награда на Шпанија

Британскиот автомобилист во Формила 1 шампионатот, Луис Хамилтон од тимот на „Мерцедес“ славеше на неделната трка за Големата награда на Шпанија, петтата трка од Светското првенство која се возеше на патеката „Каталуња“ крај Барселона.

До својата 55-та победа во кариерата и втората оваа сезона, Луис Хамилтон дојде минувајќи го во 44-от круг Германецот Себастијан Фетел од тимот на „Ферари“, кој трката ја заврши на второто место. Трет беше Австралиецот Даниел Рикардо од „Ред Бул“.

Третопласираниот во генералниот пласман, Финецот Валтери Ботас од „Мерцедес“ се откажа поради дефект на моторот, додеа уште во првиот круг се судрија и се откажаа Финецот Кими Рајконене од „Ферари“ и Голанѓанецот Макс Верстапен од „Ред Бул“.

Во вкупниот поредок води Фетел со 104 бодови, а Хамилтон сега има само шест бодови помалку.

Следната трка во првенството на Формула 1 е Големата награда на Монако, која е закажана за 28 мај.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.