Хамилтон: Се е во ред со мене, се гледаме во Бразил

Хамилтон со порака на Инстаграм: Се е во ред со мене, се гледаме во Бразил

Актуелниот Формула 1 шампион го одложи летот за Бразил за вчера, бидејќи изминатите неколку денови имаше зголемена телесна температура, но сега се чувствува одлично и комплетно подготвено за трката на “Интерлагос”.

Се чувствувам одлично и моментално се качувам на авион за Бразил, напиша Хамилтон на “Инстаграм”. Иако е ничива работа, има луѓе кои ја знаат мојата позиција и ќе сакаат да ја искористат ситуацијата да заработат некоја пара повеќе по брз начин. Нема проблем. Никој не е повреден што е најважно. Автомобилот беше оштетен и направив благ контакт со паркирано возило. Ве информирам, бидејќи сметам дека сите треба да превземат одговорност за своите постапки. Сите правиме грешки и најважно од сѐ е да научиме нешто од нив. Едвај го чекам викендот во Бразил, додаде возачот на Мерцедес.