Хамилтон: Се надевам дека Ферари конечно ќе биде конкурентен

Луис Хамилтон посакува посилен Ферари за повозбудливи трки во Ф1

Хамилтон смета дека една од главните причини за неговата доминација е тоа што на Ф1 и е потребен посилен Ферари.

Себастијан Фетел секогаш ќе биде еден од нашите најголеми конкуренти, но евидентно е дека му е потребен и помоќен болид. Ако во моментот тој вози за друг тим, сигурно ќе биде голем конкурент за шампионската титула. Мислам дека и Нико Розберг ќе биде уште подобар следната сезона. Се надевам дека и Ферари конечно ќе биде конкурентен. На Формула 1 и е потребен посилен Ферари, за да се врати вистинското ривалство во овој спорт, изјави Луис Хамилтон.