Хамилтон: Сиромашното детство ме прави гладен за победи

Светскиот шампион во Формула 1 од 2008 година Британецот Луис Хамилтон истакна дека е повеќе гладен за победи од неговиот тимски колега Германецот Нико Розберг. Британецот, кој вози за Мерцедес верува дека причината за неговата глад за победи е сиромашното детство и сиромаштијата во која живеел за разлика од богатиот живот во Монако, на кој е навикнат неговиот тимски колега.

Хамилтон, откако мораше да се откаже на првата трка поради проблеми со болидот, забележа четири последователни победи и е лидер во генералниот поредок кај возачите.

“Дозволете да ви кажам нешто. Доаѓам од не многу пристојно место за живеење и затоа сум посветен на мојата кариера. За разлика од мене, Нико е од друг свет . Израснал во Монако по хотели, луксузни куќи и јахти. Разликата меѓу нас е тоа шТо јас сум погладен од него за победи” , изјави Хамилтон.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.