Спорт

Хамилтон стартува од пол – позиција во Мелбурн

Хамилтон стартува од пол – позиција во Мелбурн

Пилотот на Мерцедес, Британецот Луис Хамилтон ќе стартува од пол позиција на првата трка во Формула 1 сезонава за ГН на Австралија во Мелбурн. Светскиот шампион од 2008 година до пол позицијата на патеката „Алберт парк“ стигна со резултат 1:44.231 минути, а на стартот од трката, утре од 7 часот ќе му се придружи Даниел Рикиардо на своето деби во Ред Бул. Третата позиција на стартот ќе ја заземе вториот возач на Мерцедес, Нико Розберг.

Со трката за Големата награда на Австралија почнува нова турбо ера во Формула 1. Хамилтон пол позицијата ја освои во последните моменти од квалификациите кои се одвиваа по дождливо време.

Возачот на Мекларен, Кевин Магнусон ќе стартува од четвртото место на стартот на своето деби, додека покрај него воодушеви и Данил Квајт во болидот на Торо Росо, кој беше четири позиции позади.

Во вториот круг на квалификациите елиминирани беа бранителот на титулата Себастијан Фетел, Џенсон Батон и Кими Раиконен.

Возачот на Ферари, Фернандо Алонсо мораше да се задоволи со третиот стартен ред, односно петта позиција, пред пилотите на екипата на Торо Росо, Жан-Ерик Вернја и Ник Хилкенберг во болидот на Форс Индија.