Хамилтон во Баку со победа го презема водството

Актуелниот светски шампион во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон е победник на трката за Големата награда на Азербејџан возена во неделата на улиците на Баку , и со својата прва победа сезонава го преземе и водството во генералниот поредок.

Хамилтон во болидот на „Мерцедес“ во трката исполнета со судари и излегување на патеката на „безбедното возило’ прв ја мина целната рамнина со 2,460 секунди предност пред второпласираниот Финец Кими Рајконен од „Ферари“, додека третото место го зазема Мексиканецот Серхио Перез од „Форс Индија“ со 34,024 секунди зад победникот.

Пол позицијата на денешните квалификации во Баку му припадна на возачот на Ферари, Себастијан Фетел. До оваа трка водечкиот во Светскиот шампионат, Германецот Себастијан Фетел од „Ферари“, кој стартуваше од првата позиција, на крајот заврши како четврти.

На патеката поставена во стариот дел на азербејџанската престолнина имаше повеќе интересни и опасни ситуации со многу кочење по тесните свиоци низ.

Се очекуваше возбудлива завршница бидејќи Валтери Ботас, Марк Верстапен и ДАниел Рикиардо беа на различни стратегии и последните кругови требаше да ги возат на далеку побрзите ултра-меки гуми. Прво Рикиардо се заби во својот тимски колега на крајот од стартно-целната рамнина. Возачините на „Ред Бул“ необјасниво реагираа во мометот кога ги имаа двете челини позиции, па Австралиецот удри во задниот дел на болидот на Холанѓанецот и двајцата ја завршија трката.

Инцидентот предизвика излегување на безбедносното возило кое ги нареди Ботас, Фетел, Хамилтон и Рајконен еден зад друг. И кога се очекуваше ткн „рестарт“ на патеката настина комична-трагична ситуација кога Грожан додека правеше „осумки“ и ги загреваше гумите, Французинот загуби контрола и заврши во заштитната бариера крај патеката. Па безбедносното возило се задржа подолго и останаа само четири круга за трка.

Веќе во првиот свиок Фетел се обиде да се врати во водство, но Германецот се прецени на сопирање и не само што не успеа да го мине Ботас, загуби позиции и од Хамилтон и Рајконен, а следниот круг и од Перез. И кога се чинеше дека Ботас ќе стигне до победа, експлодираше неговата задна десна гума, па Хамилтон дојде до победата.

Хамилтон сега има 70 бодови, Фетел е втор со 66, а Рајконен трет со 48 бодови.