Хамишик верува дека „скудетото” може да заврши во Неапол

Тимскиот колега на Горан Пандев, словачкиот интернационалец од редовите на Наполи, Марек Хамшик и понатаму верува дека неговиот тим може да ја освои шампионската титула во италијанската Серија А.

“Сакаме да освоиме некој трофеј во актуелната сезона.Нема да се предадеме без борба. Јас и понатаму верувам дека Наполи е во игра за шампионската титула во Серија А. Мислам дека сме доволно квалитетни и можеме да му парираме на Јувентус. Сега сме на пола пат, треба да се одигра и вториот дел од актуелната сезона. Моментално имаме неколку бода помалку од Јувентус, но има уште многу натпревари. Вториот дел од сезоната ќе биде многу тежок за сите клубови”, изјави одличниот играч за врска.

Наполи мометлано е на третата позиција на табелата и има осум бода помалку во споредба со лидерот, тимот на Јувентус.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.