Свет

Хамонд: Промени или излегуваме од ЕУ

Хамонд: Промени или излегуваме од ЕУ

Шефот на британската дипломатија Филип Хамонд изјавил дека Британија, доколку ЕУ не се согласи на промени и нови услови во врска со нејзиното членство, ќе излезе од заедницата.

Хамонд инаку е првиот официјален претставник на оваа позиција кој јавно рекол дека ќе гласа за излегување на Велика Британија од ЕУ доколку на Лондон не му бидат вратени одредени овластувања.

„Доколку нема промени на целокупниот начин на управување, без промена во балансот на надлежностите меѓу државите членки и ЕУ, без решение за предизвиците во еврозоната – тоа не е Европа која мое да работи со Британија во иднина, мора да има промени, мора да има преговори“, рекол Хамонд во интервју за Би-Би-Си.

Познатиот евроскептик, кој во неодамнешна реконструксција на владата премина од местото на министер за одбрана на позицијата шеф на дипломатијата, порачал дека неговата главна задача е да ги „подготви новите преговори со ЕУ“ во наредните девет, десет месеци.
После завршените преговори, како што навел,ќе излезе пред британската јавност со свои препораки, пренел Ројтерс.