Хамшик најави нова титула за Пандев

Словачкиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчолигаш Наполи, Марек Хамшик е убеден дека неговиот клуб може да ја освои шампионската титула во новата клупска сезона која стартува на 31 август.

Минатата сезона, “азурите” завршија како третопласирани, зад Јувентус и Рома и не обезбедија директен пласман во групната фаза од најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони.

“Мора да одиграме подобро во споредба со изминатата сезона, мора да постигнеме подобар резултат. Наполи има зацртано нова цел, да ја освои шампионската титула, да слави во Купот на Италија и да обезбеди пласман во 1/8 финалната рунда од Лигата на шампиони. Го имаме тоа што е потребно за да ја исполниме оваа цел. Точно дека најчесто еден фудбалер ја прави потребната разлика, но конечниот резултат зависи од играта на целиот тим. Мислам дека не сме инфериорни во спореба со Рома и Јувентус. Рафа Бенитез е роден победник, кој многу ни помага”, изјави одличниот играч за врска.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.