Хамшик: Наполи може да слави во Купот на Италија и Лига Европа

Репрезентативецот на Словачка и стандарден првотимец во дресот на италијанскиот калчолигаш Наполи, Марек Хамшик е убеден дека неговиот тим може да слави во годинашното издание од Купот на Италија и во најмасовното клупско натпреварување, Лигата на Европа.

„Ние сме на вистинската патека, се уште сме во игра и можеме да ги исполниме зацртаните цели од стартот на сезоната. Прво сакаме да обезбедиме директен пласман во групната фаза од Лигата на шампиони, потоа сакаме да го освоиме пехарот во Купот на Италија и сакме да славиме во финалниот натпревар од годинашното изнадие на Лигата на Европа. Се уште сме на вистинската патека и убеден сум дека Наполи ќе игра се подобро од натпревар во натпревар”, изјави соиграчот на поранешниот репрезентативец на Македонија, Горан Пандев.