Хамзаоглу е новиот предводник на Галатасарај

Асистентот на селекторот на турската фудбалска репрезентација Фатих Терим, Хамза Хамзаоглу е новиот предводник на Галатасарај. Токму Терим, кој важи за еден од најомилените стратези во историјата на Галатасарај, е човекот кој дал силна препорака Хамзаоглу да го превземе кормилото на турскиот гигант од досегашниот тренер Чезаре Прандели.

Следен кој се очекува да го напушти Галатасарај е поранешниот македонски репрезентативец Горан Пандев, кој никако не успева да се снајде во турскиот тим и се почесто е мета на турските медиуми.

Според италијанските медиуми пак, Пандев веќе има формален договор со Торино, тим кој се натпреварува и во Лигата на Европа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.