Македонија

Хан: Да му помогнеме на Западен Балкан со бегалскиот бран

Хан: Да му помогнеме на Западен Балкан со бегалскиот бран

Не може да се дозволи земјите од Западен Балкан сами да се борат со бегалскиот бран, изјави денес еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, предупредувајќи на опасноста од појава на „невидливи железни завеси“ во Европа.

Тој истакна дека земјите од Западен Балкан без своја вина се најдоа во тешка ситуација поради големиот број бегалци, кои пристигнуваат на нивна територија.

Сега имаме проблем на границата меѓу Србија и Унгарија, а утре можеби ќе имаме кога преку Хрватска ќе тргнат кон Словенија и Австрија, нагласи еврокомесарот.

Хан додаде дека не смее да се дозволи бегалците да се најдат заробени во земјите од регионот и се заложи итно да им се помогне во решавање на мигрантската криза.

Сакам да видам стабилизација и натамошен напредок, а не нови оптоварувања во регионот, истакнува Хан.