Хан: Договорот од Пржино е жив

Еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, на својот профил на „Твитер“ испрати три пораки во врска со синоќешната одлука на македонското Собрание да го одложи распуштањето за 7 април и да распише предвремени парламентарни избори на 5 јуни оваа година.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, во исто време, покрај Хан, со соопштение излегоа и тројцата пратеници од Европскиот парламент, Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан, кои вчера беа во Скопје, и исто како и Хан, побараа да се исполнат сите реформи, вклучително и медиумските, за да има кредибилни избори во Република Македонија.

Имам добра забелешка на синоќешната одлука на Собранието да ги одложи изборите за 5 јуни. Договорот од Пржино е жив. Сите партии мора да останат целосно посветени, да помогнат да се организираат кредибилни избори и да притиснат за реформските приоритети, вклучително и за медиумите. Им благодарам на европратениците Вајгл, Ховит и Кукан, како и на американскито амбасадор Џес Бејли и на меѓународната заедница за нивната континуирана поддршка, напиша Хан. Неговата портпаролка Маја Коцијанчич потоа потврди дека тоа е и официјален став на Европската комисија.