Хан: Го почнав работниот ден во Скопје со разговор со премиерот Димитриев

Детали од средбата засега не се откриваат, а Хан од средбата објави фотографија на социјалната мрежа „Твитер“ со краток опис.

„Го почнав работниот ден во Скопје со разговор со премиерот Димитриев. Потоа состанок со министрите од земјите од Западен Балкан за зајакнување на енергетската поврзаност“, напиша Хан.

Хан на маргините на Министерскиот состанок за Западен Балкан, ќе се сретне со лидерите на политичките партии што се застапени во македонското Собрание.