Хан: Грузија до октомври може да добие безвизен режим со ЕУ

Европскиот комесар за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан истака дека очекува процесот за добивање безвизен режим за Грузија да заврши до октомври годинава.

Хан присуствува на меѓународната конференција „Европскиот пат на Грузија“ што се одржува во грузискиот град Батуми.

На 18 декември Европската комисија препорача да се разгледа можноста за воведување на безвизен режим на Европска унија со Грузија, Унгарија и Косово.