Хан и тројца европратеници в понеделник на лидерска средба во Скопје

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, заедно со тројката европратеници Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан, ќе пристигнат в понеделник на разговорите во Скопје, со цел да ја продолжат медијацијата меѓу политичките партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со цел надминување на политичката ситуација во Република Македонија, јави МИА.

Како што пишува МИА, единствено е непознато дали в понеделник, Хан со себе во Македонија ќе го донесе и експертот за медијација и олеснување, што во Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) на Федерика Могерини се уште се избира. Доколку до недела Могерини го избере олеснувачот, а не специјален претставник на ЕУ како што претходно се споменуваше, тогаш тој би започнал со својата официјална улога на помирување на политички завојуваните страни во Македонија.