Хан: Конструктивна средба со премиерот Димитриев

хан

Еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, средбата со премиерот Емил Димитриев ја оцени како конструктивна и сеопфатна. На неа, како што напиша Хан на својот твитер-профил, било разговарано за исполнување на условите за веродостојни избори, спроведување на реформските приоритети и за поддршка на работата на Специјалното јавно обвинителство.

„Конструктивна и сеопфатна размена на мислења со премиерот Емил Димитриев. Го истакнав исполнувањето на условите за веродостојни избори, реформските приоритети, поддршката на работата на специјалниот обвинител, миграцијата“, напиша Хан на „Твитер“.

хан

Најавени се и одделни средби со лидерите на четирите најголеми политички партии, како и со специјалната обвинителка Јанева, и со претставници на граѓанското општество.

Целта на посетата, како што се наведува во соопштението од Европската комисија, е да се направи преглед на политичките случувања и да се дискутира за патот напред, особено во насока на организирањето на предвремените парламентарни избори во декември, како и спроведувањето на итните реформски приоритети.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.