Хан: Крајно време е да и се помогне на Македонија за бегалската криза

Хан: Крајно време е да и се помогне на Македонија за бегалската криза
Хан: Крајно време е да и се помогне на Македонија за бегалската криза

Тим од Европската комисија заедно со експерти од Македонија од понеделник ќе ги проценуваат и утврдуваат потребите од опрема, човечки ресурси и финансиска помош што ќе им биде потребна на властите за справување со мигранстката криза на јужната граница.

Ова денеска го најави еврокомесарот за проширување и соседска политика на ЕУ, Јоханес Хан при посетата на прифатниот центар за мигранти во Гевгелија, заедно со министерот за внатрешни работи Митко Чавков, директорот на Бирото за јавна безбедност Горанчо Савовски и евроамбасадорот Аиво Орав, објави МИА.

Хан е задоволен од начинот на кој Македонија се справува со мигрантската криза и вели дека е крајно време да се помогне во решавањето на ситуацијата.

Ќе и помогнеме и на вашата земја да излезе на крај од ситуацијата. Како што веќе бев информиран на дневна база се примаат околу 6.000 бегалци, во просек. Мислам дека ова е предизвик за вашата земја, како и за другите земји, така што би било добро сите да изнајдат решение на ова прашање, изјави Хан.

Нагласи дека увидел оти успешно се справуваме со ситуацијата со бегалците и изрази благодарност до властите.

Европската унија е заинтересирана да му помогне на системот на вашата земја за да се справи со оваа ситуација. Токму поради таа причина веќе во понеделник ќе дојде тим од Европската комисија кој заедно со експерти од вашата земја ќе ја направат вистинската проценка се со цел да ги идентификуваат потребите, опремата, човечките ресурси и финансиската помош која што ќе им биде потребна на вашите власти да се справат со оваа ситуација, рече Хан.

Се разбира, додаде, од друга страна, претставува и задача за нас земјите-членки да ги зајакнеме нашите надворешни граници и исто така е многу важно и за другите земји од регионот да е справат со оваа ситуација.

Парите за Турција за бегалската криза ќе се пренаменат за помош на регионов хан1

Минатата недела  предложив пренамена на финансиските средства од Турција да биде за регионот. Се работи за сума од 1,5 милијарди долари за да може регионот да се справи со овој предизвик и да можат луѓето кои доаѓаат тука со оваа помош или да останат тука или да се вратат во нивните земји, затоа што луѓето секогаш се разбира дека преферираат да се враќаат во нивните земји на потекло. Тоа би претставувала добра шанса за нив, потенцира Хан

Според министерот Чавков посетата на кампот за регистрација на бегалци од страна на Хан еподдршка на напорите што ги прави Македонија за соодветен пристап во менаџирање на состојбите со мигрантите. Се подобра е, смета Чавков, координацијата помеѓу владиниот сектор и невладините организации и е на повисоко ниво состојбата од воспоставување на кампот.

Решенијата на национално ниво се парцијален пристап, оцени Чавков и порача дека без ефективна реакција од ЕУ нема да се подобрат состојбите со менаџирањето на миграциските процеси.

За индивидуалните или вкупните напори кои ги правиме на национално ниво секоја од државите посебно во рутите кои се транзитни на мигрантите кои доаѓаат од Република Грција веќе сме сведоци на реакции или на индивидуални решенија секоја држава посебно.На почетокот само ние бевме изложени на притисок од неконтролиран бран на мигранти, изјави Чавков.

Чавков: Легитимно право на секоај држава е да си ја заштити границата

cavkov_g111_cr-620x360-9910Веќе сум поголем оптимист, додаде, со самото присуство на комесарот Хан  и динамиките коишто се случуваат во ЕУ со се поголем интензитет и со поголема грижа.

Мислам дека многу брзо ќе се бараат заеднички конзистентни решенија иако во меѓувреме мојата проценка е дека ќе има индивидуални пристапи во секоја држава поодделно, но без конзистентен и сеопфатен пристап или без единствена ефективна политика или ефективна реакција од ЕУ нема да може да се подобрат состојбите со менаџирањето со миграциските процес, изјави Чавков.

Легитимно право и обврска на секоја држава на национално ниво, според Чавков, е да презема мерки и активности за заштита на сопствената граница.

Како што Македонија имаше ситуации кога дневно имаше по 7-8 илјади мигранти, сега, како што рече, сме сведоци на такви состојби и во целата транзитна рута нагоре.

Секако дека има загриженост кај нас бидејќи затворањето на границите кон север значи редукција или забавување на процесот на движење на мигрантите, но јас сум убеден дека нема да можат на тој начин да ги запрат овие процеси и оти сепак ќе мора конзистентно европско решение да се бара за решавање на овие проблеми, рече Чавков, одговарајќи на новинарски прашања.

Потсети дека вчера Собранието донесе одлука за продолжување на кризната состојба и истакна оти се разработени повеќе сценарија.

Како и да е, сигурен сум дека имаме доволно капацитети да одговориме на ефективен начин и од безбедносен и од хуманитарен аспект, рече Чавков, посочувајќи дека  ги следат состојбите и се во координација со државите од регионот, но не може да прејудицира какви било решенија.

Поради зголемениот обем на мигранти, Македонија го продолжи рокот за постоење кризна состојба на јужната граница до 15 јуни 2016 година. За одлуката вчера во македонското Собрание гласаа вкупно 82 пратеника.

Според информациите со кои располага Министерството за внатрешни работи, преку територијата на Македонија од почетокот на годинава транзитирале 300.000 илегални мигранти, а откако е прогласена кризна состојба се регистрирани 35.630 мигранти, но вистинскиот број се смета дека е многу поголем.