Хан на Твитер ја пренесува изјавата на Ахмети: Нема потреба за одложување на изборите

Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Јан се согласува со ставот на лидерот на ДУИ Али Ахмети дека нема потреба од одложување на изборите закажани за 24-ти април согласно првичниот договор.

Еврокомесарот Хан на социјалната мрежа Твитер, упати ретвит, во кој ја пренесеува изјавата на Ахмети по средбата со Хан во која одговарајќи на новинарско прашање дали е можно одложување на изборите за еден или два месеци, нагласи деке не смета оти има простор за тоа.

Еврокомесарот Јоханес Хан е уверен дека може да се одржат избори на 24-ти април, доколку сите партии останат посветени на исполнувањето на договорот од Пржино од јуни-јули.

Хан е убеден дека може да се одржат фер и демократски избори на 24 април. Тој истакна дека лично од Претседателот на ДИК добил уверување дека може да се прочисти избирачкиот список до 24 парил и дека тоа нема да биде пречка за одржувањето на изборите.

Премиерот Груевски изјави дека Хан ги информирал дека ДИК, ОБСЕ и ОДИХР го известиле дека нема пречки за избори на 24-ти април. Хан рече дека опозицијата мора да партиципира на изборите.

Во вистинска и функционална демократија имате Влада и силна опозиција. Во Европа, било каде и да се случеле политички проблеми и кризи биле поради слаба опозиција. Па така за да имате функционална демократија мора да ги имате двата елементи: добра функционална Влада, но и силна и посветена опозиција, рече Хан.

На својот твитер профил еврокомесарот напиша дека и покрај финалната одлука на политичките партии тие ќе обезбедат поддршка за фер избори.

Каква и да биде конечната одлука донесена од страна на политичките партии, ние ќе обезбедиме целосна поддршка за да се гарантираат демократски фер избори, напиша Хан.