четврток, 25 мај 2017  |  Вести денес: 1

Хан: Не можам да го предвидам исходот од изборите

han

Поврзани вести

Еврокомесарот Јоханес Хан во интервју за дописникот на Радио Слободна Европа, Рикард Јозвиак вели дека не може да го предвиди исходот од изборите и начинот на кој ќе бидат спроведени, бидејќи тоа ќе се случи за два месеци.

-Но, има многу меѓународни набљудувачи, почнувајќи од ОДИХР, Европскиот парламент ќе има своја делегација на терен и многу други меѓународни организации, Тоа зависи од крајната оценка, вели Хан.

Хан вели дека сега кога Парламентот е распуштен, изборите ќе се одржат, но неопходно и важно е овие избори да бидат спроведени на начин на кој ќе бидат признаени од меѓународната заедница.

-Во спротивно, земјата нема да има евроатлантска перспектива и тоа беше сеопфатната цел на нашите активности и напори кои беа прифатени во договорот јуни/јули минатата година. Ако сега се е коригирано или неимплементирано, тоа е против интересот на граѓаните на земјата и политичките лидери треба да сфатат дека тоа и штети на целата перспектива на земјата и дека ризикуваат да бидат ставени во изолација, вели Хан.

Најчитани вести